Полицискиот час ќе важи до 1-ви јуни

Полициски час како мерка против ширењето на коронавирусот, Скопје март 2021


Владата на денешната седница донесе одлука со која ги продолжува мерките за заштита од коронавирусот до 1 јуни. Според одлуката од владината седница полицискиот час чија важност требаше да заврши денеска се продолжува за уште две недели. Ограничувањето на движењето се однесува на временскиот период од полноќ до 4 часот наутро.