Македонското Министерство за надворешни работи (МНР), имајќи ја во предвид ескалацијата на безбедносната состојба во Израел, сугерира на македонските државјани да избегнуваат патувања во, или транзит низ таа земјата, соопшти денеска Министерството.
Македонските државјани затекнати во Израел, за сите дополнителни информации или помош може да се обратат до македонската амбасада во Тел Авив на мобилниот број +972549096965 или некој од SOS броевите објавени на веб-страницата на Министерството.
Видете и ова: Израел ги интензивира нападите во ГазаИзраел денеска ги засили нападите врз Газа откако избувна насилството на Западниот брег и по должината на границата со Либан кои резултираа со внатрешни граѓански немири меѓу арапските и еврејските граѓани.
Израелските авиони ги обновија воздушните напади врз Газа, а милитантите на Хамас реагираа со истрелување ракети кон Израел додека борбите влегоа во петтата ноќ.
Палестинските медицински лица соопштија дека најмалку 12 лица загинале во текот на ноќта во воздушни напади во северна Газа, додека во два големи града на југот на Израел се огласија сирени кои предупредуваат на ракети лансирани од Хамас. Најмалку 132 лица се убиени во Газа од 10 мај, од кои 32 деца и 21 жена, а 950 се ранети, соопштија палестинските медицински власти. Осум лица починаа во Израел.