Бионтек работи на добивање на одобрение за верзија на својата вакцина против ковид-19, која може да се чува во фрижидер од 2 до 8 степени целзиусови до 6 месеци, рече извршниот директор на компанијата, Угур Сахин.
„Нашата прва формулација мораше да се чува и испраќа на минус 80 степени. Сега, во меѓувреме, имаме формулација која сè уште не е одобрена, што може да се чува на два до осум степени“, рече Сахин на настан организиран од „Фајненшл тајмс“ додавајќи дека се подготвуваат пакети со податоци за регулаторите.
„Најверојатно ќе достигнеме шестмесечна стабилност од два до осум степени“, рече тој за вакцината што се прави со Фајзер.
Тој додаде дека компанијата продолжува да го зголемува производството до близу 3 милијарди дози во 2021 година, за разлика од претходната цел од 2,5 милијарди.
„Среќни сме што не се соочуваме со премногу технички проблеми и ги одржуваме нашите распореди за испорака“, додаде тој.
Компанијата со седиште во Мајнц во март соопшти дека заедно со нејзиниот партнер од САД, Фајзер, го надградиле својот синџир на снабдување за да произведат 2,5 милијарди дози на вакцини оваа година, од кои 1,4 милијарди се веќе продадени.
Бионтек работи на вакцина која може подолго да се чува и на повисоки температури
Извршниот директор на компанијата, Угур Сахин.