Најмалку 14 лица загинаа во поплави во Авганистан

Поплави во Авганистан. Илустрација.

Најмалку 14 лица загинаа од поплави во западната авганистанска покраина Херат. Портпаролот на регионалниот гувернер, Џаилани Фархад изјави дека меѓу жртвите има и четири деца. Според него, две тела сè уште не се идентификувани. Сезонско поплавување се случува низ целата земја и оштетува домови, земјоделско земјиште и јавна инфраструктура. Во август, минатата година, поплавите предизвикаа повеќе од 150 смртни случаи во 13 авганистански покраини.

Авганистан доживеа големи поплави и во 2019 година кои уништија повеќе од 10.000 куќи и беа погодени околу 180.000 луѓе, според канцеларијата за итни случаи на Обединетите нации.