САД велат дека Кина „дејствува се поагресивно“

американскиот државен секретар Антони Блинкен

Кина дејствува се поагресивно во странство и се порепресивно дома, изјави американскиот државен секретар Антони Блинкен. Во интервју за Си-Би-Ес тој рече дека Вашингтон нема да дозволи Кина да го наруши меѓународниот поредок заснован врз правила. Тензиите меѓу САД и Кина се зголемија во последно време потади трговски недоразбирања и коронавирусот. На прашањето која е долгорочната цел на Пекинг, Блинкен рече: „Мислам дека со текот на времето Кина верува дека може да биде и ќе биде доминантна земја во светот“.

Кина ги отфрла обвинувањата за геноцид врз Ујгурите

Но, воената конфронтација, рече Блинкен, „е длабоко спротивна на интересите и на Кина и на САД“. Загриженоста се зголемува во врска со растечки тензии со Тајван и прашањата за човековите права на Ујгурите и на другите во претежно муслиманскиот северозападен регион Ксинџијанг.