САД ќе разговараат со СТО за интелектуалната сопственост за вакцини за ковид-19

Како повеќе да се произведат вакцини?

Белата куќа соопшти дека Соединетите држави размислуваат како да ги надминат проблемите со интелектуалната сопственост за брзо производство и дистрибуција на вакцините ковид-19 во посиромашните земји. Шефот на кабинетот на Белата куќа Рон Клајн, изјави дека претставникот на САД за трговија Кетрин Таи ќе започне разговори со Светската трговска организација „за тоа како може да се добијат пошироко дистрибуирани, пошироко лиценцирани и пошироко споделени вакцини“. Клајн рече дека заштитата на интелектуалната сопственост е „дел од проблемот“ што го задржува производството на вакцини, но дека најголемиот проблем се тесните грла во производството.

Индија дозволи вакцинација на сите возрасни, ама нема вакцини


Тој додаде дека Белата куќа ќе има што повеќе да каже за ова прашање во наредните денови. Претседателот Џо Бајден е под домашен и меѓународен притисок да помогне во откажувањето на правилата за патенти за вакцини за коронавирусот и терапевтски лекови, така што посиромашните земји да можат да започнат да прават свои генерички верзии. Индија и Јужна Африка, кои претставија предлог за привремено откажување од заштитата на патентите за вакцини во октомври, ја предводат иницијативата за укинување на интелектуалната сопственост.