Србија доставила уште 13 илјади вакцини „Спутник В“ во С.Македонија

Српската премиерка Ана Брнабиќ

Српската премеирка Ана Брнабиќ денеска изјави дека земјата и донирала дополнителни 13.000 вакцини „Спутник В“ на Северна Македонија. Таа додаде дека Србија досега на земјава и донирала вкупно 48 000 вакцини.
Вакцината, како што наведе, кои биле доставени доцна синоќа се дел од контингентот од 20.000 вакцини од компонентата два, наменети за ревакцинација.

Брнабиќ потсети дека тие 20.000 вакцини биле доставени пред три недели. Таа порача и дека Србија има доволно вакцини и доколку е потребно ќе продолжи да биде отворена за поддршка на пријателите и партнерите во регионот.

„Не можеме да се вратиме во нормален живот ако сите други не се вратат. Тоа е инвестиција во заедничката сигурност и безбедност“, оцени Брнабиќ.