Шекеринска и Брнс во посета на армискиот полигон „Криволак“

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска и американската амбасадорка Кејт Брнс на предавање на американска донација во Скопје

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска заедно со амбасадорката на САД, Кејт Брнс, денеска во 10 часот, во армискиот полигон „Криволак“ ќе ги посетат припадниците на Армијата на Република Северна Македонија и на вооружените сили на САД, кои заеднички работат на изградба на нови содржини на полигонот, пред почетокот на меѓународната вежба, „Одлучен удар 21“.

Секретарот за одбрана на САД - С. Македонија е наш ценет пријател и сојузник

Вежбата „Одлучен удар – 21“ ќе се реализира во периодот од 17 мај до 2 јуни на АП „Криволак“ и на неа предвидено е да учествуваат околу 2.000 припадници од армиите на САД, Грција, Бугарија и од Република Северна Македонија. До самото започнување на вежбата ќе се реализираат повеќе инженериски активности, односно уредување на полигонот „Криволак“ што ќе овозможи беспрекорно реализирање на вежбовните активности.