Царовска – Наставниците ќе бидат вработувани на неопределено

Министерката за образование и наука Мила Царовска

Наставниците ќе бидат вработувани на неопределено време, а со тоа се спречува понатамошната злоупотреба на наставниот кадар, која со години се правеше, рече денеска министерката за образование и наука Мила Царовска. Тоа го предвидува новиот Закон за наставници, кој е во собраниска процедура.

„Неизвесноста и економското држење во стеги, правната несигурност, ги правеше наставниците понесигурни, но исто така не дозволуваше нивните капацитети, нивната креативност да излезат на виделина“, рече Царовска.

Со новиот закон, платата на наставниците ќе расте како ќе расте и минималната плата.