Мерките за ограничување на движењето продолжуваат за уште една недела

Полициски час како мерка против ширењето на коронавирусот, Скопје март 2021

Постојните мерки за ограничување на движењето и за другите рестрикции и мерки за примена на личната заштита за спречување на ширењето на ковид-19 ќе продолжат да се применуваат до 27 април 2021 година, реши Владата, по препорака на Комисијата за заразни болести. Како што информира владината прес-служба, исклучок за дел од овие мерки ќе биде дозволен за организирање, одржување и учество на секаков вид семинари, обуки, работилници, курсеви, конференции и други настани во организација на Министерството за образование и наука за наставниот кадар, а се однесуваат на континуиран и непречен тек на образовниот процес во основното и средното образование по строго наменски протоколи.

ВМРО-ДПМНЕ поднесе кривични пријави против Џафери и двајцата пратеници со ковид-19 кои дојдоа во Парламентот

„Исклучок се донесува и за организирање и одржување на пионерски, кадетски и младински спортски натпревари, како и професионални спортски натпревари, без присуство на публика и исклучиво во согласност со наменски одобрени протоколи и по претходно извршено ПЦР тестирање пред натпреварите организирано од страна на клубовите, се вели во соопштението. Владата на оваа седница на предлог на Комисијата за заразни болести го одобри Протоколот за постапување при реализација на државните и меѓународните тестирања во основните и средните училишта.