Ќерката на Навални стравува за здравјето на нејзиниот татко во затвор

Протест против затворањето на рускиот опозициски лидер Алексеј Навални

Ќерката на осудениот опозициски лидер Алексеј Навални, Даша Навални упати молба до руските власти да го пуштат нејзниот татко да посети независен лекар, откако група на лекари посочија во јавноста дека е можно е да почине Навални како последица од штрајкот со глад. 44 годишниот Навални кон крајот на минатиот месец соопшти дека почнува штрајк со глад во знак на протест против како што рече, одбивањето на затворските власти да му дозволат соодветна медицинска нега поради акутните болки во грбот и нозете.

Сопругата на Навални загрижена за неговото здравје: Тој едвај зборува

Здравствената состојба на Навални брзо се влоши во последните неколку денови и тој може да добие срцев удар „секој момент“, велат дел од неговите лекари и кардиолог во писмото кое беше испратено до руската федерална служба за затвори. Во нивното писмо е наведено дека крвната анализа покажала намалени параметри на калиум кој според нив е на критично ниво, што значи и нарушена бубрежна функција што може да предизвика и сериозни проблеми со срцениот ритам.

Адвокатката на Навални осудена на „поправна работа“

Ова писмо беше објавено и на официјалниот профил на Твитер на личната лекарка на Навални, Анастасија Василева, која изјави дека тимот на лекари изразил подготвеност да оранизира преговори и консултации. Правниот тим на Навални бара независнен лекар да го прегледа, нешто што како што велат, е предвидено со рускиот закон.