Лукашенко ги обвинува САД за заговор за атентат

Дел од видео инсерти на државната белоруска телевизија за наводниот заговор и обид за атентат

Белорускиот претседател Александар Лукашенко изјави дека врз него бил спроведен обид за атентат за кој смета дека е поддржан од САД. Тој истакна дека со помош на руските разузнавачи биле приведени двајца белоруски државјани во Москва за кои се верува дека биле поврзаност со заговорот. Во наводите за тоа не беа посочени докази за неговото тврдење.

Засега американските власти не одговорија на обвинувањата. Според наводите, руската безбедносна служба во Москва ги уапсила белорускиот политиколог Александар Федута и адвокатот Јури Женкович кои имаат и американско државјанство. Лукашенко кој владее во Белорусија веќе три децении чести ги обвинува западните земји дека се обидуваат да го симнат од власт, откако тој прогласи победа на претседателските избори во август минатата година.

Обвинувањата за обид за атентат доаѓаат во време кога се во пораст тензиите во соседна Украина, бидејќи Русија поставува воени трупи долж источната украинска граница, а Киев предупредува на можна воена интервенција.

Русија со години како најблизок сојузник на Белорусија се обидува да го привлече Минск во поблиско сојужништво, односно унија, но Лукашенко на тоа се противи затоа што стравува од загуба на белоруската независност но и од загуба на неговиот авторититет.

Лукашнеко во вчерашното телевизиско гостување изјави дека тој и неговите деца биле таргет на наводниот заговор за атентат. Според него обидот за атентант бил одобрен од највисокото политичко раководство на САД, но за таквото обвинување не сподели докази за поткрепа.