Почна вакцинирањето на новинарите и медиумските работници

Новинари и медиумски работници се вакцинираат во Спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје.

Во спортската сала „Борис Трајковски“ денеска почна вакцинацијата на новинарите и медиумските работници.

Се вакцинираат пријавените на повикот кои ги исполнуваат условите да влезат во првата категорија, односно оние над 40-годишна возраст и оние со хронични заболувања.

Според податоците на медиумските здруженија, во оваа група опфатени се вкупно 631 медиумски работник.

На крајот на минатиот месец вакцинирањето против Ковид-19 започна да се одвива помасовно, откако земјата доби 24,000 дози од вакцината на „Астра Зенека“ со која се вакцинираат граѓани над 60-годишна возраст.

Исто така со 20 илајди дози од руската вакцина „Спутник В“ почна вакцинирањето на полицијата, војската, медиумските работници и други граѓани кои поради нивните професии се повеќе изложени на ризик од коронавирусот.

Властите во текот на месецов очекуваат да пристигнат нови дози вакцини против Ковид-19.