Во БиХ уапсени криумчари на мигранти

Архива - Мигранти пред прифатен камп во Босна и Херцеговина.

Припадници на Граничната полиција на Босна и Херцеговина уапсија двајца државјани на Пакистан кои беа откриени во обид да прошверцуваат 13 мажи со потекло од Африка и Азија.

Пакистанците беа уапсени на 8 април во општината Зворник, во источна БиХ, кога припадниците на единицата на Граничната полиција забележала и запрела чамец кој пловел по реката Дрина, од Србија до БиХ, потврди Граничната полиција на БиХ.

„Двајцата осомничени Пакистанци беа предадени на Обвинителството на БиХ утрово (петок, 9 април) со извештај за кривичното дело“, наведуваат од граничната полиција на БиХ.

Лицата кои управувале со чамецот биле претресени, а чамецот со кој биле шверцувани мигрантите и другите докази кои потекнуваат од ова кривично дело, биле привремено одземени.

Граничната полиција на БиХ потсетува дека на 2 април на истото место спречила шверц на пакистански и авганистански државјани, а за тоа дело исто така се осомничени пакистански државјани.

Според податоците на Меѓународната организација за миграција, во БиХ во моментов има околу 6.500 мигранти и бегалци, повеќето од нив се во северозападниот дел на БиХ. Од вкупниот број, 4.900 се сместени во прифатните центри.