Во ковид-центрите во Македонија има 1699 пациенти

Ковид-19 центар во Скопје

На инфективните оддели во Скопје и во болниците во другите градови се лекуваат 1699 пациенти со Ковид-19, а има околу 300 празни болнички кревети во ковид – центрите, соопшти Министерството за здравство (МЗ).

Во изминатите 24 часа во ковид – центрите во Скопје се хоспитализирани 67 нови пациенти поради компликации од коронавирусот. Вкупно 686 лица сомнителни и потврдени за Ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град. Голем број од пациентите се на кислородна поддршка.

Во ковид – центрите во болниците во другите градови во изминатите 24 часа е пријавено дека се лекуваат вкупно 1013 пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот.