Четворица македонски државјани се обиделе со лажни ПЦР тестови за коронавирус да ја поминат границата меѓу Србија и Босна и Херцеговина. Службениците на граничната полиција на БиХ на граничниот премин Рача со Србија за време на редовната контрола на влезот на странски државјани во земјата откриле пет фалсификувани ПЦР тестови за коронавирус. Од нив четворица биле македонски државјани и еден кинески. За случајот бил информиран и обвинителот на Окружното јавно обвинителство во Бјелина, оти постoи сомнение дека е сторено кривично дело фалсификување исправа.
Од септември 2020 година до 31 март 2021 година, граничната полиција на БиХ открила повеќе од 80 фалсификувани ПЦР тестови за коронавирус.
Најмногу фалсификувани тестови според граничната полиција на БиХ имале граѓаните на Турција, Кина, Северна Македонија, Германија и Словенија.