Заев: Очекувам месецот да заврши со околу 300.000 ковид вакцини

Премиерот Зоран Заев

Премиерот Зоран Заев денеска на прес-конференција во Владата изјави дека очекува месецов да се заврши со околу 300.000 дози на вакцини против ковид-19. Одговарајќи на новинарско прашање, премиерот информираше дека според информациите со кои располага ќе пристигнат првите дози од досега договараните вакцини од неколку производители и преку различни механизми.

„Очекуваме првите количини да бидат околу 100 илјади вакцини преку Европската унија од пратката за Западен Балкан, а идната недела би требало да очекуваме да пристигнат нешто повеќе од 20 илјади дози од оваа пратка. Ја очекуваме првата пратка од 'Фајзер' со која компанија имаме договор за над 800 илјади вакцини, потоа вакцини преку ковакс-механизмот, а ги очекуваме и вакцините од Кина, односно договорените 200 илјади дози. Очекуваме и позначителна количина од договорените 200 илјади дози од рускиот Спутник“, рече Заев.

Видете и ова: Во Битола се помлади пациенти со тешка клиничка слика

Тој потенцираше дека во оваа бројка ги вклучува и веќе пристигнатите вакцини, како и втората донација која ќе пристигне од Србија.

Во Македонија е во тек масовна вакцинација во СЦ Борис ТРајковски, во пунтовите во здравствените домови на лица над 77 години и теренска вакцинација за највозрасните.