Во Грција вакцинацијата на здравствените работници може да биде задолжителна

Кирјакос Мицотакис

Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис изјави дека најверојатно наесен треба да се отвори дискусија за задолжителна вакцинација на здравствените работници. Во интервјуто за грчката телевизија „Стар“, тој истакна дека во оваа фаза не сака да создава „извори на тензии во болниците“, но во септември ќе мора прашањето одново да се разгледа од друга перспектива, кога нема да биде толку голем притисокот врз здравствениот систем.

„Мора апсолутно јасно да ставиме до знаење дека не може да бидеш здравствен работник, да имаш света мисија да се грижиш за нашите сограѓани кои се болни, а ти самиот да не бидеш заштитен и со тоа што не се заштитуваш самиот си во опасност, но и си во опасност да го шириш вирусот во простор што е наменет за здравствени услуги“, рече Мицотакис и упати апел до постарите граѓани да се вакцинираат што е можно побргу.

Според грчките медиуми, вакцинирани се 70 насто од лекарите, меѓутоа 50 проценти од болничарите, медицинските сестри и останат персонал во болниците, одбиле да ја примат вакцината.