Трифонов по три дена од изборите порача дека ќе го следи Уставот

Слави Трифонов

Лидерот на партијата која го освои второто место на парламентарните избори во Бугарија „Има таков народ“, Слави Трифонов за прв пат даде коментар по гласањето викендов.

„Во врска со разни политички изјави и предлози дадени во последниве денови, сакам да го кажам следново: Постои многу јасна правна постапка спомената во Уставот, и ние логично ја почитуваме и ја следиме“, напиша Трифонов на Фејсбук.

Бојко Борисов, актуелниот бугарски премиер и лидер на партијата ГЕРБ, која освои најмногу гласови на изборите денеска го повика Трифонов да ја преземе политичката одговорност во земјата.

Борисов соопшти дека ГЕРБ ќе предложи влада, во согласност со бугарскиот Устав, како прва политичка сила во земјата, предвидувајќи дека нема да биде избран, по што мандатот ќе го добие партијата на Трифонов „Има таков народ“. Премиерот кажа дека најколегијално побарал од Трифонов да почне со формирање влада.