ЕМА попладне ќе даде објаснување за ковид вакцините и згрутчувањето на крвта

Илустрација

Европската агенција за лекови, ЕМА, ќе одржи прес – конференција денеска во 16 часот во Амстердам за случаите со згрутчување на крвта и евентуалната поврзаност со вакцината против ковид-19 на АстраЗенека.

Прес-конференцијата ја потврдија официјално на сајтот на институциите на Европската унија (ЕУ), пренесе МИА.

Објаснувањата на ЕМА се очекуваат откако вчера главниот одговорен за стратегијата на вакцинација во оваа Агенција, Марко Кавалери, изјави дека постои поврзаност помеѓу вакцините на Астра Зенека и случаит на згрутчување на крвта.