Поплави и тропски циклон во Индонезија, над 120 мртви

Изсчезнати се над 70 лица и уништени стотици домови - Ист Флорес, Индонезија, 4 април 2021

Спасувачите во источна Индонезија, во вторник, 6 април, ископуваат области погодени од лизгање на земјиште во потрага по 21 лице за кое се верува дека биле закопани за време на поплава и циклонска катастрофа што го погоди и соседен Источен Тимор, јави Асошиејтед прес (АП).

Десетина села беа погодени од свлечиште што беше предизвикано од обилни дождови на островот Лембата во понеделникот, на 5 април, а според податоците на Индонезиската национална агенција за ублажување на катастрофи, најмалку 67 лица загинаа. Напорите на спасувачките екипи, пишува АП, се попречени од временските услови и оддалеченоста до погодените области и блокадите на патиштата, од кои многу се оштетени.

Одрони, поплави и тропски циклон убија најмалку 128 лица на неколку острови во Индонезија и 27 во Источен Тимор, додека илјадници се раселени бидејќи нивните домови се уништени. Индонезиските власти соопштија дека најмалку 72 лица се водат како исчезнати.