Времето денеска: сончево со локална облачност

Ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен јужен ветер кој на југоисток ќе засилува. Од пладневните часови претежно на југоистокот ќе има повремен дожд. Нови врнежи од дожд ќе започнат од вечерните часови од северозапад, а на планините и понекаде на повисоките места тие ќе бидат од снег. Дневната температура ќе биде од 9 до 14 степени. Во Скопје и околината слично време. Дневната температура ќе биде 14 степени.