КАМ: Случајот да се истажи до крај со замрзнатиот зеленчуков микс

КАМ Маркети во Македонија

Компанијата КАМ, со цел доследно документирање и професионално обработување случајот со пронајден глушец во замрзнат зеленчуков микс „Сани фантази- Царски микс” по потекло од Република Србија, ги повика надлежните инспекциски служби да ја проверат информацијата и транспарентно во интерес на вистината, случајот да се истражи до крај.

„По утврдувањето на фактичката состојба ќе може да се превземат соодветните законски мерки со цел правилно информирање на јавноста, заштита на интересите на потрошувачите, но и интересите на засегнатите компании и пред се зачувување на искрено воспоставената доверба спрема маркетите на нашата компанија,“ се вели во соопштнието од компанијата.

Претходно денеска Агенцијата за храна и ветеринарство издаде забрана за промет на овој производ и нареди негово повлекување од рафтовите на КАМ маркетите на цела територија на државава. До тоа дојде по откако на социјалните мрежи беа објавени фотографии од купено ќесе на микс зеленчук во кои има замрзнат глушец.

По објави за „глушец во смрзнат зеленчук“, АХВ нареди да се повлече производот

Во соопштението на компанијата КАМ е наведено дека во својата дведецениска работа соработува со домашни и странски производители и дистрибутери на храна кои ги поседуваат современите сертификати за квалитет. Во продолжение посочуваат дека предметниот производител во изминатово тримесечије бил три пати контролиран од секторот за контрола на квалитет во компанијата.

„Непосредно по објавувањето на информацијата, согласно процедурите на компанијата, важечките закони и стандарди во насока на заштита на интересите на своите потрошувачи KAM веднаш отпочна постапка за испитување на случајот и негово расветлување, а предметниот производ е во целост повлечен од сите наши маркети до разрешница на предметот со соодветен акт од страна на надлежните инспекциски органи“ се вели во соопштението на компанијата.

За 3 месеци уништени над 85 тони небезбедна храна

За овој случај, како што велат од АХВ, до Агенцијата не е поднесена претставка. Тие апелираат до граѓаните ваквите случаи да ги пријавуваат во АХВ, како одговорна институција за безбедноста на храната.