Штипски текстилни работници од денеска на колективен одмор

Работнички шивачки во текстилна индустрија

Над половина од штипските тектилни работници односно 3500 работници од вкупно 70 конфекции од денеска се на колективен одмор. Оваа информација за МИА ја потврди претставникот на текстилниот кластер од Штип, Кирил Нашков. Тој посочи дека компаниите се одлучиле да ги испратат работниците на одмор, поради неизвесноста и недонесувањето на петтиот пакет на мерки, но и локдаунот во Европа, со што нивните партнери засега не склучуваат нови нарачки.

„ Каква ќе биде иднината понатаму ќе мора да почекаме. Се надеваме дека вработените ќе ги вратиме назад на работа. Ако остане ваква црна сликата, моја претпостапка е дека дел од вработените воопшто и нема да бидат повикани да се вратат на работа,“ вели Нашков.

Тој додава дека државната помош од петтиот пакет на мерки не е за спас на фирмите, туку за спас на работните места во реалниот сектор, кој се соочува со низа на проблеми и неизвесност поради пандемијата и мерките во земјите од ЕУ, од каде што им пристигнуваат и нарачаките за работа.