ЕУ ја уверува Украина во својата „непоколеблива“ поддршка

Жозеп Борел

Високиот претставник на Европската унија (ЕУ) за надворешна и безбедносна политика, Жозеп Борел, ја увери украинската влада за „непоколеблива поддршка од ЕУ“ „во конфликтот со сепаратистите на истокот од земјата, што е поддржано од Русија“. Борел на Твитер на 4 април напиша дека разговарал телефонски со украинскиот министер за надворешни работи Дмитриј Кулеб, додавајќи дека „со голема загриженост ја следи руската воена активност околу Украина“, објави Радио Слободна Европа на англиски јазик.

Тој рече дека ќе се дискутира понатаму на следниот состанок на министрите за надворешни работи на ЕУ.

Телефонскиот разговор на Борел со Кулеб доаѓа по повикот на 2 април од страна на американскиот претседател Џо Бајден и украинскиот претседател Володимир Зеленски, во кој Бајден се обиде да го убеди Зеленски во „непоколебливата“ поддршка на САД за суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина.

Видете и ова: Бајден разговарал со Зеленски за руската војска во источна Украина

„Бајден ја потврди „непоколебливата поддршка за украинскиот суверенитет и територијалниот интегритет пред постојаната руска агресија“, се вели во соопштението на Белата куќа.

Украина и руските сепаратисти во Доњецката област се обвинија едни со други за нападот во текот на викендот. Тензиите избувнаа откако Украина минатата недела рече дека Русија ги зголемува трупите на заедничката граница. Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, одговори со изјава дека Русија „преместува војници на своја територија по сопствено наоѓање и тоа не треба да засега никого“.