Нови 734 заразени со ковид-19, 35 починати

Илустрација. Клиника за инфективни болести, Скопје

Нови 734 случаи со ковид-19 се регистрирани во последните 24 часа од направени 3246 тестирања.

Во изминатото деноноќие починале 35 пациенти, меѓу кои и 28-годишен од Охрид, а оздравени се 621, соопшти Министерството за здравство.

Од новодијагностицираните, најмногу се од Скопје -313, а во внатрешноста најмногу новозаразени има во Битола – 75, Куманово – 46, и во Прилеп – 38.

Регистрирани се 621 оздравен пациент

Од почетокот на епидемијата во земјава, бројот на ковид-дијагностицирани лица достигна 134 867 од направени 641 573 тестирања. Оздравени се 109 297, починати 3940 луѓе, а активни случаи се 21 630.