Светска банка: Годинава раст на македонската економија за 3,6 отсто, вгодина за 3,5

Armenia-Logo of The World Bank,undated

Светска банка (СБ) во најновиот извештај предвидува дека македонската економија годинава ќе забележи раст од 3,6 отсто. За следната година, предвидувањата на Светска банка се дека економијата ќе порасне за 3,5 отсто. Од земјите во регионот најголем раст за годинава е предвиден за Црна Гора од 7,1 отсто, потоа Србија од 5, Албанија 4,4 , Косово 4 и Босна и Херцеговина од 2,8 отсто, покажува извештајот на СБ.

За 2022 година Светската банка прогнозира раст на економијата во Црна Гора и Косово од по 4,5 отсто, во Србија и Албанија по 3,7 и по 3,5 отсто за Македонија и Босна и Херцеговина.

Видете и ова: Капиталните инвестиции со низок старт

Светската банка посочува дека на стартот на 2021 година економиите на Западен Балкан се едни од најтешко погодените од коронавирусот во Европа и Централна Азија, со најголем број на случаи на новозаболени во еден ден, со што далеку го надминуваат просек на европско-ценралноазискиот регион.

Банката додава и дека Босна и Херцеговина, Црна Гора и Северна Македонија се меѓу 10-те земји во развој со најголем број смртни случаи од Ковид-19 по глава на жител, што дополнително ги оптоварува здравствените системи.