МВР објави меѓународни потерници за шест луѓе поврзани со акцијата „Планина“

Министерството за внатрешни работи распиша шест меѓународни потерници за членовите на криминални групи кои се занимавале со трговија на дрога. Станува збор за членовите на две криминални групи кои се во бегство, а кои властите ги бараат во врска со акцијата „Планина“.

Дел од членовите на групите месецов беа уапсени во Грчец и во Гази Баба. Обвинителството година дена собирало докази за овој случај за недозволена трговија со дрога, биле следени комуникации, тајно следење и снимања, меѓутоа дел од членовите на групите ја пробиле акцијата и избегале.

Во полициските претреси на повеќе локации во Грчец и Гази Баба беа приведени 22 лицa, од кои на дел им беше одреден притвор.

Од двете групи се одземени пари, дрога, телефони, автомобили.