28-годишна Македонка со тромботичен ефект по примена АстраЗенека, потврди Филипче

Илустрација

Министерот за здравство, Венко Филипче, денеска пред новинарите потврди дека во Македонија е регистиран еден случај на компликации по приемот на вакцината АстрЗенека.

„Кај нас има регистрирано еден случај на девојка од 28 години и од вчера е во болница со тромботичен ефект, кој се поврзува со приемот на една доза на вакцината АстраЗенека“, изјави Филипче.

Според министерот, девојката вакцината ја примила во Србија, а рекацијата се јавила шест до седум дена по вакцинацирањето, а немала претходни контраиндикации.

Видете и ова: Вакцинацијата почна

Филипче рече дека останува внимателноста кон оваа вакцина, особено по реакциите на властите во Германија и Канада, и ќе се види во која насока ќе се продолжи. Засега останува препораката со АстраЗенека да не се вакцинираат граѓани под 60 години.

Малку подоцна Филипче на Фејсбук објави: „Сите граѓаните над 77 години кои се пријавиле слободно да се вакцинираат, кај нив не се забележани негативни ефекти. Информациите од регулаторните тела од Германија и
Канада од вчера се дека оваа вакцина привремено ќе ја користат само кај популација постара од 60 години“.

Филипче информираше и дека денеска има состанок со Комисијата за заразни болести, но „мисли дека нови рестриктивни мерки ќе нема“. Тој денеска претпладне, по состанокот со директорите на ковид-центрите, на Фејсбук објави дека состојбата во болниците е многу сериозна и побара граѓаните да ги почитуваат антикорона мерките.

Денеска во Македонија почна вакцинирањето против ковид-19 на лица над 77 години со вакцина од АстраЗенека кои пред неколку дена пристигнаа во Македонија преку КОВАКС системот.