Во изминатото деноноќие се евидентирани нови 1.272 случаи на ковид-19, од направени 3984 тестирања. Во земјава во изминативе 24 часа починале 33 лица од компликации од коронавирусот. Од министерството за здравство информираат дека се евидентирани оздравени 868 пациенти.
Од новозаразените 1.272 случаи, во Скопје се 619, потоа во Битола – 75, а во Прилеп – 65. Најмладиот починат од компликации од ковид- 19 е 34 годишен пациент, додека најстариот починат пациент бил на 84 годишна возраст.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 128.511, бројката на оздравени пациенти е 106.392, на починати е 3.749, а бројот на активни случаи изнесува 18.370.