Словачкиот премиер си поднесе оставка поради тајна набавка на руски вакцини

Словачкиот премиер Игор Матовиќ

Словачкиот премиер Игор Матовиќ денеска си поднесе оставка со што се отвори патот за формирање на нова влада по едномесечна политичка криза, предизвикана од спорот околу употребата на руските вакцини против коронавирусот. Словачката претседателка Зузана Капутова го назначи министерот за финансии Едуард Хегер за нов премиер. Хегер е сопартијец на Матовиќ.

Владејачката партија „Обични луѓе“ (Олано) победи на минатогодишните избори со антикорупциска агенда и кампања по убиството на истражувачкиот новинари и неговата вереничка во 2018 година. По нивното доаѓање на власт во земјата стартуваа серија истраги за корупција. Владејачките коалициони партнери се согласија да учествуваат во работата на новиот кабинет на Хегер, додека Матовиќ ќе ја преземе функцијата министер за финансии.

Матовиќ се откажа од премиерската функција откако во јавноста беше соопштено дека тајно нарачал руски вакцини против ковид-19, на што се спротивставиле коалиционите партнери , бидејќи за нивна употреба нема согласност од Европската Унија.