Албанија започна масовна вакцинација

Вакцинација на плоштадот Скендербег во Тирана. 28.03.2021.

Масовната имунизација на населението во Албанија започна денеска во пресрет на летната туристичка сезона, откако земјата набави 192.000 дози од кинеската вакцина против Ковид-19, пренесе агенцијата АП.

Стотици лица постари од 70 години доаѓаат на плоштадот Скендербег во Тирана, каде се спроведува вакцинација во два големи шатори.

Албанија започна со вакцинирање во средината на јануари.

Пред кинеската вакцина, во албанија стигнаа помалку од 100.000 дози вакцини од производителите „Фајзер и Бионтек“, „Астра Зенека“ и „Спутник В“.

Досега во Албанија се вакцинирани 65.000 лица, вклучително медицинскит персонал, лица постари од 80 години и просветни работници.

Вакцините на кинеската компанија „Синовац“ оваа недела ги донесе премиерот Еди Рама од Турција, додека 500.000 дози од истата компанија Албанија треба да ги добие во следните два месеци.

Рама исто така рече дека компанијата Синовац ќе гради фабрика во Албанија која ќе произведува разни вакцини.

Албанската влада сака да вакцинира што повеќе луѓе за земјата да биде подготвена за летната туристичка сезона.

Пред почетокот на пандемијата, туризмот стана важна индустрија за економијата на Албанија.