Нови 1.320 позитивни на коронавирус, 35 починати

Клиника за инфективни болести, Скопје

Здравствените власти вечерва објавија дека се регистрирани 1.320 нови случаи позитивни на коронавирус од направени 4.738 тестирања, со што вкупниот број на заболени од почетокот на пандемијата се искачи на 126.320. Починати се 35 пациенти во изминатото деноноќие, а вкупната бројка на смртни случаи од Ковид-19 во земјава е 3.642 лица.

Во моментов во земјава има 18.234 активни случаи на коронавирус, од кои најмногу се во главниот град Скопје, соопшти Министерството за здравство.

Од новите позитивни на Ковид-19 најмногу се во Скопје 604, а потоа следуваат Куманово со 80, Битола 72, Велес 62, Охрид 60, Кавадарци и Штип по 44...

Денеска Институот за јавно здравје регистрира 514 оздравени пациенти.

Досега во Северна Македонија направени се вкупно 612.694 тестирања на Ковид-19. Излекувани се 104.354 лица од почетокот на епидемијата.