Командантот на Сојузничката команда на здружените сили на НАТО во Неапол, адмирал Роберт Бурк, кој денеска е во посета на Македонија, изјави дека прашањето за можноста НАТО да придонесе за обезбедување вакцини е нешто за што лидерството на Алијансата размислува за администрирање со вакцините во различни земји.
„За ова зборуваме често и на политичко и на воено ниво, има повеќе механизми што постојат покрај националните напори“, изјави Бурк на прес-конференцијата со министерката за одбрана Радмила Шекеринска, прашан дали постои начин НАТО да се приклучи во обезбедување вакцини за Ковид-19 за Македонија.
Адмиралот Бурк е во посета на Македонија по повод годишнината од приемот на Македонија во НАТО.
Видете и ова: Пендаровски - Бурк: Македонија е доверлив партнер на НАТОТој на денешната прес-конференција додаде дека постојат повеќе опции да се олесни обезбедувањето со вакцини против ковид-19, но не знае која би се избрала.
„Сметам дека веќе бројот на одобрени вакцини се повеќе се зголемува. Минатата недела беа одобрени дополнителни, а можностите за произведување исто така се зголемуваат, така што се зголемува и можоста за производство на се повеќе вакцини и ќе имаме можност да помогнеме да се олесни овој процес. Разгледуваме неколку опции, незнам која ќе биде избрана, но се работи динамично на тоа бидејќи ја разбираме ситуацијата на сите земји, а и сфаќаме колку е тоа важно за вас“, изјави адмиралот Бурк.