Српска влада- не сме организирале вакцинација за Македонци, на саемот е отворено за сите со АстраЗенека

Србија- медицинска сестра ги повикува граѓаните да се вакцинираат со АстраЗенека на Белградскиот саем, 25.03.2021

На Белградскиот саем во тек е вакцинација на голем број странски државјани кои се пријавиле преку системот е-Управа од кои најмногу засега се државјани на Босна и Херцеговина и Црна Гора, јавува дописникот на МИА од Белград.

Викендов, пак, на Белградскиот саем се очекува вакцинација и на голем број македонски државјани кои аплицираа на системот, а добија покана за вакцинација со вакцината АстраЗенека за сабота и недела.

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

Граѓани за вакцинирањето во Македонија против Ковид 19

За МИА од српската Влада одговорија дека е „на Саемот е отворено вакцинирањето со Астра Зенека“ и дека „владата нема организирано вакцинација на македонски државјани“.

На македонските државјани и граѓаните на земјите од регионот достапна им е вакцината на АстраЗенека, а според кажувањата на вработените на Белградски саем, имунизацијата со вакцините „Синофарм“, „Фајзер“ или „Спутник Ве“ викендов не е можна за странци, само за српските државјани. Граѓаните на Србија, од овој понеделник можат без закажување да се имунизираат со вакцините на АстраЗенека.

За да се пријават странци за вакцинација против коронавирус преку порталот е-Управа во Србија, покрај основните податоци и електронска адреса, потребно им е да имаат и српски број на мобилен телефон, преку кој се добива потврда за закажано време и место на вакцинација. Истата порака ја добиваат и преку електронската адреса, а вакцинацијата во Србија е бесплатна.