Русија ќе бара повеќе лични податоци од интернет корисниците

Илустрација

Во услови на постојани обиди да се наметне поголема контрола врз интернетот, рускиот регулатор за медиуми, Роскомнадзор, им предложи на корисниците на социјалните медиуми и апликациите да ги предадат податоците од нивните пасоши и други лични информации за верификација.

Предлогот на Роскомнадзор беше поставен на јавна дискусија на нивната веб-страница на 23 март. Роскомнадзор минатата недела објави забавување на брзината на Твитер низ целата земја за „неуспехот“ на социјалната мрежа да ја отстрани, како што рече, забранетата содржина што поттикнува самоубиство кај децата и информации за дрога и детска порнографија.

Новиот предлог беше изготвен по измените и дополнувањата на законодавството за лични податоци со кои се бара од компаниите од јули да добијат согласност од корисниците за управување со некои видови податоци.
Според новиот предлог, корисниците ќе можат да ја достават својата согласност директно до компанијата или преку унифицираниот информативен систем на Роскомнадзор, кој и да го избере корисникот.

За време на тој процес, од корисниците ќе се бара да ги откријат нивните целосни имиња, адреси на постојан престој, лични телефонски броеви и електронски адреси.Податоците ќе бидат проверени преку државниот регистар кој ќе биде поврзан со Роскомнадзор.