Пратеничката група на Алијанса за Албанците и Алтернатива најавија дека ќе ги блокираат законите поврзани со антикризните мерки за ковид-19 од петиот пакет. Собраниската Комисија за финансирање и буџет на која на дневен ред се трите закони е закажана за попладнево во 18:30 часот. Според координаторот на пратеничката група на Алијанса за Албанците и Алтернатива, Скендер Реџепи, пратениците веќе ги потпишуваат амандманите кои, како што наведе, ќе бидат преку 3.000.
- Мицкоски: Добро е што владејачкото мнозинство го прифати нашиот предлог
- Пратениците најдоа решение за законите од 5-от антикризен пакет
Владејачкото мнозинство и ВМРО-ДПМНЕ претходно постигнаа договор да се изгласаат овие закони и на 36. седница останаа само Предлог на закон за финансиска поддршка на физички лица кои вршат самостојна дејност погодени од здравствено-економската криза предизвикана од вирусот ковид-19, за месеците февруари и март 2021 година, по скратена постапка, Предлог на закон за финансиска поддршка на работодавачите погодени од здравствено-економската криза предизвикана од вирусот Ковид-19, заради исплата на платите за месеците февруари и март 2021 година и Предлог на закон за изменување на Законот за данокот на личен доход, сите по скратена постапка и во второ читање.