Нови 457 заразени од корона вирус, 30 починати

Инфективна клиника, ковид 19 амбуланта

Во последните 24 часа се направени 1.682 тестирања, а регистрирани се 457 нови случаи на КОВИД-19 од кои најмногу се во Скопје -198.
Во Прилеп има 32 новозаразени, во Куманово 30 и во Охрид 29 нови случаи.
Пријавени се вкупно 30 починати лица, на возраст од 50 – 84 година и тоа 8 пациенти од Скопје, од Прилеп - 6, од Битола и Охрид – по 3 починати, од Кочани и Демир Капија – по 2 и по едно починато лице е пријавено од Куманово, Тетово, Велес, Струга, Неготино, и Радовиш. Сите пријавени се починати во болнички услови.
Регистрирани се 700 оздравени пациенти од кои од Скопје се 291.
Досега во земјата се направени вкупно 591.958 тестирања на Ковид-19.
Вкупната бројка на Ковид-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 119.828, бројката на оздравени пациенти е 101.474, на починати е 3.503, а бројот на активни случаи изнесува 14.851.