Во БиХ починаа 73 луѓе, 818 новозаразени од Ковид-19

Илустрација.Бања Лука.

Во Босна и Херцеговина, Федерацијата БиХ и Република Српска, во последните 24 часа, 73 пациенти починаа од последици на Ковид-19, што е најголема бројка досега во еден ден. Со тоа вкупниот број на смртни случаи од почетокот на епидемијата е 5.750.

За едно деноноќие пак кај 818 лица е утврдена зараза со ковид 19, а нови случаи се регистрирани во сите кантони.

Според Институтот за јавно здравје, само во Федерацијата БиХ починале 57 пациенти.

Со денешниот бројот на смртни случаи во Федерацијата БиХ се искачи на 3.281.

Во Република Српска се пријавени 16 смртни случаи, со што вкупниот број на смртни случаи е зголемен на 2.46.