Полицискиот час продолжен до 6 април

Полициски час како мерка против ширењето на коронавирусот, Скопје март 2021

Владата денеска донесе одлука да го продолжи полицискиот час до 6 април, со забрана за движење која важеше и до сега - од 22 до 5 часот наутро.

„Владата на денешната 56-та седница, по препорака на Комисијата за заразни болести, донесе одлука да биде продолжена актуелната мерка за забрана и посебен режим на движење на граѓаните на целата територија на државата во временскиот период од 22 часот до 5 часот, почнувајќи од денеска, односно од 23 март до 6 април“, информираа од Владата.

Претходно донесената одлука за полицискиот час важеше до денеска. Мерката, според образложението од Комисијата и од Владата, се носи за намалување на ширењето на коронависрусот.