Зоран Заев е повторно избран за лидер на СДСМ по гласањето на внатрепартиските избори на партијата. Централната изборна комисија на СДСМ соопшти дека изборите биле безбедни и со строго почитување на здравствените протоколи.
На изборите излегле 90 отсто од членовите на владејачката партија. Доверба на Заев му дале 59 240 членови од регистрирани 68 999. Додека пак 865 биле против, а имало и 277 неважечки ливчиња. Актуелниот премиер беше единствениот кандидат за прв човек на партијата. Првичните резултати се од пребројани 227 избирачки места.
Изборите се спроведоа во сите 80 општински организации на СДСМ од страна на општински изборни комисии и избирачки одбори, на вкупно 237 избирачки места, кои беа отворени од 08 до 19 часот.
Заев претставувајќи ја својата програма пред изборите го повика членството да гласа за новата политика на СДСМ која ќе значи реформа на досегашната кадровска понуда на партијата.