Министерството за здравство соопшти дека полицискиот час од 22 до 5 часот ќе продолжи и од утре. Според министерството, во текот на неделата ќе се разгледа епидемиолошката состојба и ќе се утврди дали е потребно воведување дополнителни рестриктивни мерки. Одлуката за воведување на полициски час беше воведена на 10 март, а истекува утре.
Министерот за здравство Венко Филипче во петокот изјави дека на ја исклучува можноста за воведување дополнителни рестриктивни мерки доколку сегашните не ги дадат посакуваните резултати во менаџирањето на здравствената криза предизвикана од коронавирусот. Тој смета дека на почетокот на неделата ќе има резултати од полицискиот час што беше воведен пред повеќе од 10 дена.
Во последните 24 часа се направени 2.730 тестирања, а регистрирани се 642 нови случаи на ковид-19, соопшти Министерството за здравство согласно податоците од Институтот за јавно здравје. Регистрирани се 524 оздравени пациенти, а починати се 25 лица.