Преку апликацијата за самопопишување заклучно со денешниот ден се евидентирани 99 409 лица. Преку апликацијата се регистрираат македонските државјани кои се во странство поради работа или други лични причини, до и подолго од 12 месеци. Процесот на самопишување почна на 1 март, а ќе се одвива до 21 април 2021 година. Најмногу лица се регистрирани од Швајцарија, Германија и Италија.
Државниот завод за статистика објави и дополнителен трет јавен конкурс за ангажирање лица кои ќе учествуваат во спроведувањето на Пописот на населението, домаќинствата и становите во земјава, за кој заинтересираните кандидати требаше да се пријават до 20 март.