Нови 1299 случаи на корона, 24 починати и 413 оздравени пациенти

Тестирање за ковид-19. Илустрација.

Министерството за здравство соопшти дека во последните 24 часа се направени 5.057 тестирања, а регистрирани се 1.299 нови случаи. Регистрирани се 413 оздравени пациенти. Пријавени се вкупно 24 починати лица, на возраст од 35 до 82 години. Од нив седум пациенти од Скопје, пет од Кавадарци, четири од Прилеп, двајца од Гевгелија и по едно починато лице е регистрирано од Тетово, Велес, Кочани, Кичево, Ресен и Радовиш. Сите се починати во болнички услови.

Досега во земјата се направени вкупно 587.546 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица од почетокот на епидемијата изнесува 118.736, бројката на оздравени пациенти е 100.250, на починати е 3.448, а бројот на активни случаи изнесува 15.038.