Влада: Гаранција се строгите протоколи, пописот ќе се спроведе

Владиниот портпарол Душко Арсовски

Сите активности се одвиваат во насока на тоа дека Пописот 2021 ќе се спроведе. Гаранција дека нема да има потреба од одлагање е строгиот протокол, кој што се запазува, како и соодветната обука на попишувачите и пописните тимови. Граѓаните и попишувачите ќе бидат заштитени. Целот фокус на Владата е во таа насока, изјави денеска владиниот портпарол Душко Арсовски на прес-конференција во Владата.

„Сите одлуки Владата ги донесеува врз основа на став на Комисијата за заразни болести, кој се разгледува на главниот Координативен кризен штаб, од каде заклучоците одат на седница на Влада. Апсолутно ќе се следат препораките на Комисијата за заразни болести, како и за многу други случаи во однос на безбедносни ризици. Во овој момент сите сили се насочени кон тоа да се почитуваат протоколите и да се реализира пописот“, изјави Арсовски.

Видете и ова: Пописи во Западен Балкан- статистичка или политичко-етничка операција?


На новинарско прашање „дали Владата размислува за нов Закон со кој би се одложил Пописот, доколку од која било причина дојде до таква потреба“, Арсовски, повторно нагласи дека сите капацитети се насочени кон спроведување на пописот и дека неговиот успех го гарантира методологијата и здравствените протоколи.

За можноста за одложување на пописот поради растот на бројот на новозаразени, на истата прес-конференција, Јасмина Ѓоргиева од Државниот завод за статистика, укажа дека ДЗС не е тој што може да побара или да даде препорака за тоа и дека работи по утврден план и протоколи донесени од Владата.