Русија бара „извинување од САД откако Бајден го нарече Путин убиец“

Џо Бајден и Владимир Путин

Русија бара извинување од Америка откако претседателот Џо Бајден изјави оти „смета дека рускиот лидер Владимир Путин е убиец, изјави денеска (18 март) заменик-претседателот на Горниот дом на рускиот парламент Константин Косачов. Тој рече дека коментарите на Бајден се неприфатливи и дека неизбежно ќе доведат до влошување на веќе лошите врски, со што ќе се стави крај на надежите на Москва за промена на американската политика со доаѓањето на новата администрација.

Според него, повлекувањето на амбасадорот Анатолиј Антонов од Вашингтон беше единствениот разумен чекор што требаше да се направи во дадените околности.

"Се сомневам дека ова нема да биде и последно, освен ако нема објаснување или извинување од американска страна. Овој вид проценка не е дозволен за државник од тој ранг. Таквите изјави не се прифатливи под никакви околности", потенцира Косачов.

Во интервју за Ен-Би-Си њуз, Бајден одговори потврдно на новинарско прашање дали верува дека рускиот претседател е убиец. Тој исто така го опиша Путин како бездушна личност и вети дека ќе ја плати цената за наводното руско мешање во претседателските избори во САД минатата година, што Кремљ го негира.

По изјавата на Бајден, Русија го повлече својот амбасадор од САД на итни консултации за иднината на американско-руските врски.