Комисијата за заразни болести денеска ќе заседава за евентуални нови рестриктивни мерки кои би ги предложила до Владата, во борбата против ширењето на коронавирусот.
„На состанокот ќе се анализираат трендовите и инциденцата по региони како и бројот на хоспитализирани. Засега не можам да ви кажам дали ќе имаме нова препорака до Владата или не“, изјави вчера министерот за здравство Венко Филипче.
Тој во 11 часот закажа конференција за медиуми на која најверојатно ќе ги соопшти одлуките од седницата на Комисијата.
Последните неколку дена бројот на новозаразени и починати како последица од Ковид-19 е во постојан пораст.