Заев и Бесими во посета на Луксембург на средби со премиерот и со претседателот на ЕИБ

премиерот Зоран Заев

Премиерот Зоран Заев заедно со министерот за финансии Фатмир Бесими денеска ќе замине во посета на Луксембург. За време на посетата, владината делегација ќе се сретне со претседателот на Европската инвестициска банка Вернер Хојер, а ќе оствари средба и со премиерот на Луксембург, Ксавиер Бетел.

Задолженоста експлодира во ковид-кризата

Во Луксембург требаше да отпатува и вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров, но тој во саботата на својот Фејсбук профил објави дека е позитивен на ковид-19.