Претставници на косовските партиите на состанок за конституирање влада

Лидерот на Самоопределување Албин Курти покрај вршителот на должноста претседател на Косово, Вјоса Османи, по првичните резултати од парламентарните избори во Приштина, 15 февруари 2021 година

Лидерот на Движењето Самоопределување и кандидатот за премиер на Косово, Албин Курти и кандидатот за претседател на Косово, Вјоса Османи, за денеска ги поканија на состанок претставниците на парламентарните партии за да се разговара за конституирање на косовските власти по предвремените парламентарни избори одржани на 14 февруари. Самоопределување е победник на изборите и има 58 пратеници во Собранието на Косово. Вјоса Османи беше на парламентарната листа на ова движење и доби 300.788 гласа, повеќе од Демократската партија и Демократскиот сојуз на Косово заедно - втора и трета партија според резултатите.

Косовската амбасада во Ерусалим е официјално отворена

Еден од најблиските соработници на Курти, Глаук Коњуфча деновиве изјави дека владата ќе биде избрана на 25 март, на годишнината од гласањето за недоверба на претходната влада на Курти. Тој исто така рече дека претседателот на Косово ќе биде избран до 10 април.