Нови 1031 случај на ковид 19, починале 20 лица

илустрација, пациенти болни од ковид 19

Нови 1.031 случај на ковид-19 е регистриран изминативе 24 часа од направени 4.373 тестирања, а починале 20 лица. Сите пациенти се починати во болнички услови.

Според градови новите случаи се во : Скопје – 492, Прилеп – 64, Кавадарци – 53, Велес – 47, Тетово и Гостивар – по 45, Охрид – 31, Битола – 30, Куманово и Неготино – по 29, Гевгелија – 25, Струмица – 20, Штип – 16, Струга – 13, Берово – 12, Ресен, Радовиш и Крушево – по 9, Кочани – 8, Свети Николе, Пробиштип и Валандово – по 7, Крива Паланка – 6, Демир Хисар – 4, Кратово – 3, Кичево, Богданци и Демир Капија по 2, Дебар, Виница, Македонски Брод, Пехчево и Дојран по 1 случај.

Вкупно 589 пациенти се лекуваат во ковид центрите,слободни околу 400 кревети

Во изминатото деноноќие регистрирани се 241 оздравен пациент.
Досега во земјата се направени вкупно 563.394 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 112.107, бројката на оздравени пациенти е 97.166, на починати е 3.300, а бројот на активни случаи изнесува 11.641.